Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јужноафрикански обвинител убиен пред суд

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Државен обвинител во Јужноафриканската Република загина како последица на напад со огнено оружје пред судот.

Обвинителот Лонвабо Буи беше застрелан на 15 декември пред магистралниот суд Умлази во провинцијата Квазулу Натал, се вели во соопштението на јужноафриканското национално обвинителство (НПА).

Претседателката на НПА, Шамила Батохи, истакна дека на Јужна Африка и треба подобрување во заштитата на судските службеници и сведоците, и рече дека тие најостро го осудуваат убиството на обвинителот.

Останува да се утврди дали нападот е поврзан со некој случај во кој е вклучен Буи.