Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

1 171 новозаразени со Ковид-19 и 10 починати

/

пред 1730 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани нови 1.171  случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се во Скопје – 641.

Истовремено од последиците од Ковид-19 пријавени се и 10 починати лица , од кои 6 го загубиле животот во последните 24 часа а 4 жртви се пријавени преку Мој Термин , во периодот од 16-ти декември до 5-ти јануари.

Починатите се на возраст од 48 до 91-една година.

Со последниот пораст на новозаразените со Ковид-19 – бројот на активни случаи се зголеми на 9 166 лица.