Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

10 деца заболени од грип се на интензивна нега, од кои две се на кислородна поддршка на клиниката во Козле

/

пред 637 дена

Сподели преку :

Расте бројот на заболени од грип. Според последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје регистрирани се 1412 случаи, што е за 34, 1%  повеќе во споредба со претходната недела. Но бројот на пријавени лица во споредба пак со истиот период од минатата сезона е намален за 15, 7 %.

По однос на возраста 848 лица се на возраст од 15-64 години, 251 кај деца на возраст од 5-14 години, 200 кај деца на возраст од 0-4 години и 113 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Најмногу заболени има во Скопје 422 лица, 150 во Кавадарци, 140 во Куманово, во останатите градови бројот на заболени лица е под 100 изјави д-р Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје.

Секојдневно се зголемува и бројот на амбулантски прегледи на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле,  во моменов се хоспитализирани 65 пациенти.

Десетина од нив се на одделот за интензивна нега, а две деца се со кислородна поддршка. Во болницата пристапуваат на преглед од 100 до 120 пациенти, дечиња во текот на работната недела. Во текот на викендот тој број се зголемува од 150 може да оди и до 200. Го очекуваме пикот на грипот во средината на месец февруари. Сега има нагорен тренд, поголемите деца доаѓаат повеќе со респираторни инфекции, а помалите доенчиња (што се хоспитализирани) бележиме пораст на РСВ позитивни доенчиња изјави телефонски спец. д-р Олга Спасова , Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Според извештајот на ИЈЗ најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година се овчите сипаници (варичела) со вкупно 1 025 лица, 381 случај на заболени од групата цревни заболувања, 137 случаи на шуга.

Во текот на месец декември, пријавени се два случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 40-49 години.

Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во ноември, 2024 година,  од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 20- 29 години.

Нина Стефанова