Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средствата предвидени за коридорите на Бехтел и Енка остануваа на располагање до крајот на годината

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека 60 милиони евра, предвидени за изградбата на коридорите 8 и 10, остануваат на располагање до крајот на годината.

Таму има постапка што ја води ЈП Државни патишта и очекуваме согласно динамиката на реализација, и до крајот на годината има уште два месеци, тие средства да се дадат за тоа. Ние до крајот на годината можеме да ги префрлиме на ЈП и тоа така може да се реализира. Ако се гледа дека има можност за реализација ние сме заинтересирани проектите да се реализираат. Тие доцнат со реализацијата. Доколку има индикации дека може да се реализира, тоа е проект што ќе влече економски раст, ќе има поголем ангажман и на домашни компании, а што побрзо се реализира ќе се зголеми трговијата, туризмот итн, смета министерот Бесими.