Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

135 новозаразени од Ковид-19 и едно починато лице

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.661 тестови, а  регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато во болнички услови. Починато на ден 02.05.2022 година.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.