Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Концесиите за Иловица на владина седница

/

пред 1183 дена

Сподели преку :

Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година.

Од владината прес-служба во 14 часот најавија и прес-конференција на министерот Бектеши без дополнителни детали.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи  вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

Жителите и невладините организации од струмичкиот регион на 15- месецов протестираа  против отворањето на рудникот и спојувањето на концесијата, а на протестот учествуваа и министерките за труд и социјална политика и за животна средина и просторно планирање Јованка Тренчевска и Каја Шукова.

Од Министерството за економија минатата недела на брифинг со медиумите наведоа дека остануваат на ставот дека административно треба да се спојат двете концесии на Еуромакс Ресоурсис за рудникот Иловица. Тоа, посочија, им следува согласно членот 61 од Законот за минерални суровини, бидејќи концесионерот ги има двете концесии од кои првата се содржи во втората, односно е целосно опфатена во втората.