Утрово во 8:26 часот по локално време, земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ. Тлото се затресло во централна Евија, на длабочина од 14,2 километри.
Во моментов сè уште нема извештаи за материјална штета. Земјотресот бил почувствуван и во Атика.











