Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

/

пред 2273 дена

Сподели преку :

19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска обвинета за убиството на скопјанецот Пино Секондо. Според пресудата, 22-годишната Ѓорѓиевска помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која претходно го намамила Пино да дојде за наводно да се видат. Но, потоа заедно со Фуркан го киднапирале и го убиле. Помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен. Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување наказната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење. 26-годишниот Секондо беше убиен на 11 декември минатата година. Одбараната на Ѓорѓиевска не е задоволна од пресудата.