Жителите на Шуто Оризари подолго време немаат адекватен автобуски превоз.
- Секој ден се соочуваме со проблемот со немање јавен превоз, со часови чекаме на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова студено време, на минусни температури нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три часа автобус и тоа да биде како на лотарија – ќе дојде или нема да дојде“, изјави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
Дудуш најави протест поради проблемот со превозот за в петок во 13: 00 часот. Протестот ќе започне од населбата Шуто Оризари до Кале со автомобили, а потоа од тврдината до Град Скопје ќе се движат пешки.











