Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

20 луѓе ранети во пукање во Сиднеј

/

пред 375 дена

Сподели преку :

20 луѓе се ранети откако маж  пукал на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија.

Напаѓачот наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа.

Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од скршено стакло.

Напаѓачот бил уапсен во стан во Сиднеј два часа по пукањето. Мажот, кој е во 60-тите години, бил однесен во болница откако се здобил со повреди за време на апсењето.

Масовните пукања се релативно ретки во Австралија. Автоматското и полуавтоматското оружје се забранети во земјата откако еден маж застрела и уби 35 лица во градот Порт Артур, на островот Тасманија, во 1996 година.