Ги гледаме речиси секојдневно на семафори,плоштади и булевари. Ги има околу 18.700 луѓе во Македонија кои питачат, а 2000 од нив се деца. Ги организира мафија која од нив заработува милионски суми, некои од нив се и претепувани а девојчињата злоупотребувани за сексулани услуги, тврди Илија Јовановиќ од невладината Градиме иднина Скопје . На денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири побарал овие деца да бидат исклучени од улиците и вратени во школските клупи.
Министерката за труд Јована Тренчевска не е запознаена со овие тврдења на Јовановиќ дека децата се злоупотребуваат за пари. Тврди дека интервентни тимови се на терен и ја намалиле бројката на деца кои питачат.
Јовановиќ смета дека децата треба да бидат под постојан надзор од надлежните и побара од граѓаните да не им даваат пари на питачите за да се откажат од питачењето. Телма објави сторија во кое деветгодишно дете сместено во згрижувачки дом во Скопје питачи, а надлежните не открија дали добило нов старател и како ќе спречат да не се врати на улиците.
Симона Петровска











