Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

2025 меѓу трите најтопли години досега

/

пред 282 дена

Сподели преку :

2025 година и официјално е прогласена за една од трите најтопли години забележани досега, а научниците велат дека климатските промени предизвикани од човековото однесување се главната причина.

За првпат, тригодишниот просек на глобалната температура ја надмина границата од 1,5°C поставена со Парискиот договор. Според анализата на „World Weather Attribution“, екстремните временски појави во 2025 година однесоа илјадници животи и предизвикаа милијарди долари штети.

Најсмртоносни биле топлотните бранови, кои, според научниците, денес се и до 10 пати поверојатни отколку пред една деценија поради климатските промени. Извештајот предупредува дека светот сè потешко се прилагодува на сè почестите екстреми, додека согорувањето на фосилни горива продолжува.

Иако некои земји инвестираат во обновливи извори на енергија, глобалните напори за ограничување на затоплувањето засега остануваат недоволни.