Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

29-годишник се пожалил на здравствени проблеми – докторите откриле дека срцето му е на десна страна

/

пред 1300 дена

Сподели преку :

 Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, кој се пожалил на здравствени проблеми, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна.
Според Ора њуз случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и  работи во Лондон.
– На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево.  Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности, изјави доктор  Папа во онлај врска за телевизијата.
Додава дека  тој и колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек “кој е своевиден феномен за лекарите”  и посочува дека е потребна “голема внимателност и умешност при здравствените третмани”.