Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30-дневен притвор за двајцата струмичани кои пренесуваа марихуана на патот Битола-Ресен

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Основниот суд во Битола изрече мерка 30-дневен притвор по предлог на Основното јавно обвинителство од Битола за двајцата струмичани кои пренесуваа марихуана на патот Битола-Ресен. 

Двајцата соизвршители, на 8 февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле наркотична дрога марихуана наменета за продажба. Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки на патот Ресен – Битола. Марихуаната ја пронашле полициски службеници од ОВР Ресен кои извршиле преглед на возилото, информираат од ОЈО – Битола. 

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор спрема осомничените, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да влијаат врз можните сведоци и соучесници или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и донесе решение со кое определи притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.​​