Со три милиони евра неповратен грант од Банката за развој при Советот на Европа ќе бидат реконструирани 30 спортски сали во основни и средни училишта и ќе биде набавена спортска опрема за 50 сали во основни училишта.
Рокот за реализација на грантот за кој се наменети средствата е крајот на 2024 година.
Целта на проектот е да се поддржат физичките вежби на децата за тие да бидат повеќе активни во процесот на образованието.











