Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

4 милионскиот кинески град Ланжу е ставен во карантин

/

пред 1806 дена

Сподели преку :

По зголемувањето на бројот на новозаболени од Делта варијантата, 4 милионскиот кинески град Ланжу е ставен во карантин.

Локалната самоуправа на градот воведе полициски час во градот и ги повика жителите да не излегуваат од домовите освен во итни случаи.

Инаку во Кина во последните 24 часа се откриени 29 нови случаи на Ковид-19.

Бирото за контрола на болести при Националната здравствена комисија вчера извести дека од 17 октомври досега се идентификувани 133 локални случаи кои ја носат варијантата Делта и се шират од ист извор на зараза.