Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

70 административци во Град Скопје не одат на работа поради корона вирусот

/

пред 2209 дена

Сподели преку :

Околу 70 административци од Град Скопје половина година седат дома поради корона вирусот. Ова отсуство најмногу го чувствуваат граѓаните кои побарале услуга во даночното одделение.  Во овој сектор на работа не одат 47 вработени. Поради тоа, граѓаните од почетокот на пандемијата на ковид-19 досега се мачат да ги добијат потребни услуги од даночното одделение, а на телефонските броеви оставени за контакт на веб-страната на Град Скопје никој не се јавува.

Шилегов вели дека ваквите проблеми ќе се решат кога ќе почне процесот за реформа на јавната администрација.

Откако беше воведена мерката на Владата родителите на деца до 10 години и хронично болните да бидат ослободени од одење на работа, веќе шест месеци преполовена е и администрацијата на Градот. Шилегов вели дека тоа покажало оти и без овие луѓе Град Скопје може да функционира.