Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

700 луѓе се правно невидливи во државата

/

пред 1629 дена

Сподели преку :

45-годишниот Џеват Красниќи од Тетово, кој наместо матичен има евиденциски број, односно привремена лична карта, не може да го оствари правото на социјална помош. Дополнително се соочува со здравствени проблеми, па сите лекарски прегледи мора да ги плаќа приватно.

Во општина Тетово пријавени се вкупно 33 лица кои се соочуваат со проблеми при остварување на своите права поради тоа што не поседуваат документ за идентификација. Бројката на правно невидливи лица во целата земја е околу 700. Новиот Закон за евиденција на неевидентирани лица во матична книга на родени овозможува овие лица да бидат вклучени афирмативно во 4 права, социјална и здравствена заштита, образование и вработување.

Со цел обука и доинформирање и на граѓаните и на институциите на локално ново во однос на одредбите на новиот Закон, Министерството за труд и социјална политика организира низа посети во општините каде се мапирани лица без документи.

Данијела Билбилоска