Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Абази влезе и во академијата за судии и јавни обвинители каде на обука е неговата сопруга

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

Работната недела му почна како нов шеф на обвинителството за гонење огранизиран криминал а му завршува и како нов член во Управниот одбор на академијата за судии и обвинители.

Обвинителот Ислам Абази продолжи молскавично да напредува во кариерата. На денешната седница на Советот на јавните обивнители го предложил заменик претседателот Арбер Исаку а останатите членови изгаласале со што  Абази станува член на органиот кој управува со академијата а таму неговата сопруга е на обука.

Таа  е дел од седмата генерација слушатели кои до средината на декември треба да ја заврши почетната обука и да полагаат завршен испит.

Дека сопругата е на академија самиот Абази потврди уште во првата изјава за медиумите.

Претседателот на советот на јавните обивнители Антонио Јолевски рече дека на седницата немал информација дека сопругата на Абази е на обука во Академијата и покрај тоа што медиумите известуваа за тоа.

Па по прашањето на Телма денеска до него, најави дека ќе провери по што попладнево ни соопшти дека фактот дека сопругата е на академија е битна околност и затоа во понедленик на седница ќе предложи членовите да диксутираат и да преиспитаат дали ќе ја променат одлуката со која го номинираат Абази .

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер вели дека тој нема да решава за статусот на сопругата.

„Хипотетички може да се јави таква ситуација доколку неговата сопруга е незадоволна од резултатите на завршниот испит по што прво приговара до комисијата за завршен испит ако и понатаму е незадоволна може да се жали до управниот одбор во тој случај Абази ќе треба да се изземе и ќе решава неговиот заменик“ – вели Наташа Габер, директорка на академијата за судии и јавни обвинители.

Според законот за академија на судии и јавни обвинители Управниот има долг список на надлежности. Наскоро ќе треба да бира и нов директор на Академијата бидејки изборот со стариот управен одбор пропадна откако не избраа ниту една од двете кандидатки, актуелната директорка Габер и судијката од Кривичен Оља Ристова

УО го сочинуваат 9 членови и заменици. Советот на јавни обвинители  предлага двајца обвинители и двајца заменици га.Освен Абази за член на УО, избрана е и Фиданка Рајевска која е член на советот на јавни обивнители, од редот на обвинителите а како заменици се предложени обвинителите Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

7 дена по гласањето, во понеделник советот на седница ќе го именува Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Елена Ивановска Мукоска