Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адамчевски во „Топ тема“: Демократите згрешија што доцна ја ставија Харис во трката, имаа и лоша тактика

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Победата на Трамп не е големо изненадување, демократите згрешија што многу доцна ја ставија Харис во трката, на три-четири месеци пред изборите. Успеаја да го потиснат Бајден на страна, да го убедат дека тој е слаб. Можеви требаше да го направат тоа порано, смета Мирче Адамчевски, политички аналитичар, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Можеби година или две порано за да ја запознаат Харис како претседател, бидејќи таа беше длабоко во сенката на Бајден. Се занимаваше со политиката на мигрантите, некаде ќе ја пратеше по некои состаноци и други средби, но кога дојде да биде претседателски кандидат, не може за неколку месеци да изгради личност која што ќе може да стане претседател на Америка“, вели Адамчевски.

Според него, демократите имаа и лоша тактика.

„Ако се гледаат податоците, економските, кои што ги критикуваше Трамп, бројот на невработеноста се намалува, бројот на вработени се зголемува, БДП-то растеше… И други економски показатели беа добри, меѓутоа тие не успеаја да го покажат“, смета Адамчевски.