Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адиловиќ Фазлиќ: Суштината на предложениот закон за висока раководна функција е воспоставување на постапка, услови и критериуми за избор на високи раководители, а не професионализација на јавната администрација

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Суштината на предложениот Закон за висока раководна функција е да воспоставиме постапка, услови, критериуми за избор на високи раководители, а не професионализација на јавна администрација, како што е конципирана првата забелешка на граѓанскиот сектор, изјави Есма Адиловиќ Фазлиќ, координатор на работна група за законот во министерството за јавна администрација, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Идејата е да постојат критериуми, принципи врз кои што на јавен, транспарентен начин, секој ќе може да се пријави за висок раководен службеник. Ако правиме разлика, бидејќи центарот на Влада е извршната власт, каде министерот и заменик министерот, по добивање на власта, се бираат по добиениот мандат од граѓаните, високиот раководител е нивото меѓу јавната администрација, односно меѓу администрацијата, професионалната администрација и политичкото. Нас нѝ требаат стручни, компетентни лица кои што ќе управуваат со процесите во институцијата, ќе ги спроведуваат политиките кои што ги креира владата. Токму такви високи раководители во моментот нѝ се потребни. Она што нашите партнери од Европската комисија нѝ забележуваат, доаѓа на власт една партија, на една седница разрешува, именува 20 луѓе“, посочи Адиловиќ Фазлиќ.

Според неа. концептот што сега се нуди е сите што исполнуваат однапред дефинирани критериуми, услови, низ транспарентен процес, низ функционална селекција, да се изберат најдобрите тројца кандидати.

С.Д.