Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокат од Скопје поднел иницијатива за правно мислење од Врховен за помилувањата на Иванов

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд за преиспитување на одлуката на Уставен од 2016 година со која му се овозможи на експретседателот Ѓорѓе Иванов да дава аболиции и без постапка за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од СЈО што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите.

Иванов, потоа соопшти дека донел одлука да ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица, меѓу кои има и лица кои досега не се обратиле до неговиот Кабинет со такво барање.

Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на иницијативата. Позитивен начелен став на највисокиот суд би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.