Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адвокатите на обвинетите за примање мито за ИПАРД се обвинуваа за маниупилации – почетокот на судењето се одложи по четврти пат

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Четврт неуспешен обид да започне судењето за злоупотреби со ИПАРД помошта за земјоделците. Претставник на една од обвинетите фирми не дојде на рочиштето бидејќи сметал дека не е уредно поканет од судот.

Тој очекувал дека Судот требало да го извести и покрај превземената обврска тоа да го стори еден од адвокатите. Ова предизвика кавга меѓу адвокатите.

„Го молам судот да го опомене адвокатот Јаничиќ да не манипулира со факти, за некој  да подолго да биде во куќен притвор. Овде тројца обвинети се 4 месеци во притвор, а очигледна е тенденцијата што е можно подолго другите да поминат во домашен притвор“,  рече Софија Лаличиќ, адвокат.

„Под чест ми е да коментирам коментари на адвокат колега, но ние не одолговлекуваме ние сакаме да докажуваме“, одговори Ненад Јаничиќ, адвокат.

И судијката рече дека ова е последна опомена за сите вклучени во процесот и дека ќе мора да се присуствува или ќе следуваат санкции. И самата рече дошла на термин за рочиште иако требало да има слободен ден.

За денеска беа предвидени воведни зборови на обвинителството и обвинетите требаше да се произнесат за тоа дали се чувствуваат виновни. Следното рочиште е закажано за 4 јуни.

На последното рочиште, помлада соработничка во Министерството за земјоделство призна вина  дека земала мито од 2 000 евра, по што беше осдена на десет месеци затвор.

Деветмина се обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев кој е обвинет за примање мито.  Според обвинението, Џевдет Насуфи, ексминистер за правда и за локална самоуправа, е првообвинет за давање поткуп за помош од ИПАРД, додека Фејзула Фејзула и неговиот брат Амет Фејзула се обвинети за примање награда за противзаконито влијание. Обвинета е и фирмата „Сигнас агро“ од Велешта за давање поткуп.

 

Се обидела да воведе паралелен начин за распределба на пари од ИПАРД фондовите – 10 месеци затвор за Костадинова