Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АЕК го прогласи „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава

/

пред 267 дена

Сподели преку :

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска го прогласи „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава.

Од АЕК за МИА потврдија дека со донесувањето на одлуката започнува да тече рок од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези што се доделуваа преку тендерот, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Почетните вредности на радиофрекфенциите биле утврдени на: 4,2 милиони евра за одобрението А1, 1,5 милион евра за одобрението Б1 и 2,32 милиони евра за одобрението C1.

Откако ќе се изврши уплатата, компанијата ќе може да добие одобрение и теоретски веднаш да започне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори, додека не ја изгради сопствената инфраструктура.

АЕК: До 12 јануари 2026 година продолжен рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор