Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агелер за Алсат: Судскиот совет не ги исполни законските обврски

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, во изјава за Алсат за случувањата во Судскиот совет и постапувањето на ова тело во однос на политичките притисоци врз Врховниот суд, истакна дека Советот не успеал во целост да ги исполни своите законски обврски и дека тоа не е правдата што ја очекуваат жителите на оваа земја.

Судскиот совет – теоретски независно тело – има клучна одговорност за назначување квалификувани судии и за дисциплинирање на оние кои не ги исполнуваат највисоките стандарди.

Мандатот на Советот е да обезбеди правилно и транспарентно функционирање на судството во оваа земја… Жал ми е што морам да кажам дека сме виделе малку докази што укажуваат дека овие свети должности се исполнети. Народот на оваа земја заслужува подобро“, порача Агелер.

Зборувајќи за застареноста на обвиненијата во случајот ТНТ рече дека очекува Апелациониот суд да биде надлежен за исполнување на законските обврски.

Шефот на американската дипломатија во земјава вели дека сѐ уште нема информации за одлуката на Апелација, но додава дека второстепениот суд мора да одлучи согласно законот.