Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аграр, а не рудници, бараат струмичките еко-активисти

/

пред 553 дена

Сподели преку :

Инвестиции во производство на храна, а не во рудници, бараат струмичките еко-активисти. Тие потсeтуваат дека аграрот е една од најдоходовните гранки во земјава, но и стратешки најважна и не треба да се загрозуваа таа позиција и потенцијал со рударски и други загадувачки индустриски капацитети. Танушев од „Здрава Котлина“ потсетува дека само во пролетната реколта, обртот е во десетици милиони евра.

Танушев вели дека биле присутни на расправата за Стратегијата за геолошко истражување и одржливо искористување и експлоатација на минерални сувини 2025-2045 но дека присутните научници не можеле да одговорат на многу важни прашања кои се однесуваат на безбедноста на животната средина. Затоа подготвуваат забелешки што ќе се испратат до Министерството за рударство и енергетика.

Сите забелешки за комисијата треба да се испратат до 1 мај. Стратегијата ја изработуваат 20-тина научници од МАНУ, но нацрт-верзијата предизвика силен гнев и неодобрување од еколошките здруженија.

Сузана Мицева