Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ: Се повлекува јогурт „Баланс+“ во пакување од 1 килограм поради неусогласена концентрација на афлатоксини

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Од пазарот се повлекува јогурт „Баланс+“ во пакување од 1 килограм, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Дополнително, количества што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со рок на употреба до 28 ноември. Потрошувачите кои го имаат купено јогуртот со сериски број 28.11.22 да не го консумираат и да го вратат на местото од каде го купиле, порачуваат од АХВ.