Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ајатолахот Хамнеи со наредба: Згогатениот ураниум мора да остане во Иран

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Иранскиот Врховен лидер , ајатолахот Моџтаба Хамнеи нареди збогатениот ураниум, кој е блиску до нивото на нуклеарно оружје, дека мора да остане во земјата, наместо да биде пренесен во странство, како дел од договор за завршување на војната на САД и Израел против неговата држава, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на високи неименувани извори во Техеран.

Иран поседува залихи од преку 400 килограми високи збогатен ураниум за кој израелски официјални претставници тврдат дека се доволни за 11 нуклеарни бомби доколку дополнително се збогатат.

Висок израелски воен претставник претходно месецов порача дека во случај ураниумот да не се отстрани, може да се смета дека војната што беше почната во февруари „е еден голем неуспех“.

Американскиот потпретседател Џеј ди Венс рече дека актуелниот план на САД не е Русија да го преземе згогатениот ураниум од Иран.