Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако не реагирате вие, ќе реагираме ние со царински тарифи – Макрон со закана кон Кинезите

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека за време на посетата на Кина се заканил со царини за Пекинг, доколку кинеската страна не преземе мерки за намалување за сè поголемиот суфицит во трговијата со Европската Унија (ЕУ).

„Се обидов да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски вишок е неодржлив, бидејќи ги уништуваат сопствените купувачи, особено што не увезуваат многу од нас“, рече Макрон во интервју што денеска го објави францускиот весник „Л’Ехо“.

„Им реков дека ние Европјаните, ако тие не реагираат, ќе бидеме принудени да преземеме посилни мерки во месеците што доаѓаат, следејќи го на тој налин примерот на Соединетите Американски Држави, како примерите на воведување на царински тарифи за кинеските производи“, додаде шефот на француската држава.

Трговскиот дефицит на ЕУ со Кина од 2019 година порасна за, речиси, 60 отсто.

Макрон во минатото поддржуваше силен европски фронт кон Кина, поттикнувајќи го Брисел да примени протекционистички контрамерки за да го забави увозот на кинески производи што негативно влијае на европската индустрија.