Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако продолжи да царува корупцијата, европските средства побрзо ќе бидат изедени, отколку искористени – Марковска во „Топ тема“

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Надежта последна умира. Сепак сум некаков оптимист дека нештата можат да се поправат. Не само да се крепиме на надежта, можеби и на конректни дела, рече Ѓулистана Марковска, поранепна пратеничка, во вечерашното издание на „Топ тема“ во врска со евроинтеграциите.

„Македонија можеби имала лоша судбина. Не само заради политичките гарнитури, туку и заради сите собитија што се случувале во светот, односно заради глобалната политика која што се водела во светот, а имала свое непосредно влијание и врз неа. Повеќе сум поборник на максимата дека Европа треба да ја донесеме тука и се она што значи еден економски подобар стандард, отколку да се надеваме дека со членството во Унијата, во Македонија мед и млеко“, истакна Марковска.

Таа се согласува дека членството во Унијата носи бенефит, носи одредени средства, носи фондови кои, како што нагласи, доколку кај нас продолжи да царува корупција, тие побрзо ќе бидат изедени отколку искористени.

„Политичката волја на граѓаните, изборот на политичарите и желбата, пред сè, да се победи едно одредено зло, пред сèби ја навела корупцијата, понатаму судството за кое и самата сум, условно речено, паталец, бидејќи една обична граѓанска тужба за поделба на имот ми се влече по судовите 12 или 14 години. Мислам дека политичка волја и избор на луѓе на соодветни места ја решава судбината на Македонија“, потенцира Марковска.