Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Актерот Шон Пен му го позајми својот Оскар на Зеленски: Врати ми го кога ќе победиш

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Американскиот актер и режисер Шон Пен му ја позајми својата статуетка Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој повторно дојде во Киев и се сретна со Зеленски, а за време на средбата од ранецот , спакуван во специјална заштитна хартија, го извади својот Оскар и му кажа „ова е за тебе“. Зеленски изненаден од чинот отпрво одби да го земе, на што Пен му одговори „те молам, ова е само симболична и смешна работа. Кога ќе победиш, врати го во Малибу“, рече двократниот добитник на оваа најпрестижна филмска награда.

Зеленски на Пен, кој снима документарен филм во Украина, му додели Орден за заслуги за зајакнување на односите, поддршка на територијалниот интегритет на Украина и помагање за популаризација на земјата.

Украинскиот претседател, поранешен комичар и актер, подоцна во видео обраќање доцна во ноќта рече дека Пен „прави се за да им помогне да добијат меѓународна поддршка“ откако го посети украинскиот главен град на денот кога започна војната.