На територијата на државата до утрово во 9 часот биле регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои 21 се изгаснати, додека активен останува само пожарот во Националниот парк Јасен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот избил вчера попладне во близина на влезната капија „Кула“ од скопската страна на Јасен, каде што гори мешана шума на тежок терен.
Екипи на ЈП „Јасен“ веднаш интервенирале од земја, а поддршка прво добиле од два „ер трактори“, по што биле вклучени и два полициски хеликоптери.
Иако синоќа пожарот бил изгаснат, тој се реактивирал во текот на ноќта, по што рано утрово повторно се интервенира од земја и воздух.
Покрај овој пожар, ЦУК информира дека се изгаснати пожари со ниска вегетација кај села и населени места во Тетовско, Струмичко, Битолско, Велешко, Прилепско, Кумановско, Скопско, Гостиварско, Кичевско и други региони, како и запалено ѓубре кај село Симница и железничка станица во Тетово.











