Блокадата на депонијата во Кочани активна, граѓанскиот отпор бара поништување на одлуката и не се согласуваат ѓубрето од соседните општини да завршува на градската депонија во Кочани.
Тие со жив штит ги попречуваат камионите од Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци да го одложад отпадот.
Протестот продолжува, а граѓаните ги чекаат одлуките кои ќе ги донесат советниците во Советот на Општина Кочани на денешната Седница.
Денес Граѓаните им даваат шанса на Советниците и Градоначалникот да си ги искупат гревовите на тригодишното историски неконструктивно домакинисување со нашиот Град, донесувајќи ја едногласно бараната одлука од сите нас, кочанчани се вели во пораката на граѓанскиот отпор.
Од таму ги повикаа граѓаните да излезат и да им дадат поддршка да се изврши притисок пред денешната седница за да се слушне нивниот глас кој како што велат е игнориран и од властите на локално ниво и од Владата.
Политичките партии пак со различни предлози за решавање на проблемот.
Дел од нив бараат ова прашање да се најде на дневен ред пред пратениците, други пак предлагаат затворање на депонијата и отворање на нова времена која ќе се користи краток временски период до изградба на регионална.











