Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aктуелните мерки не се доволни за намалување на цените, признаваат од владата, листата ќе се проширува

/

пред 1579 дена

Сподели преку :

Ниту министерот Бектеши не е задоволен од мерките за заштита од поскапување. За само една недела откако повторно се ограничија маржите и во трговијата на мало и на големо, цените на производите се намалија до најмногу 7 денари. Според Бектеши иако има поместување во износите, намалувањето е минимално. Се согласува дека има простор за повеќе, но треба да бидат направени добри анализи.

Најверојатно ќе се надополнува листата со нови мерка за заштита од ценовни шокови. Не се исклучува можноста да има повторно замрзнување на цените. Но додека се анализа дали, и што плус ќе се воведе, сите трговци кои ќе се обидат да ги пумпаат цените и да манипулираат со потрошувачите, ќе се казнуваат со глоби и до 10.000 евра, но и со затворање на дејноста и до две години.

Откако државата ги укина претходните мерки кои важеа до 31 мај цените, особено на основните производи, драстично пораснаа. Поради тоа се донесе одлука за повторно ограничување на маржите, но и кратење на дополнителните трошоци. Експертите пак, предлагаат какви мерки и да се носат тие да важат на долг рок, без често да се менуваат.

Ирена Чачкова