Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија ќе прима мигранти во центar што ќе ги финансира Италија

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

Повеќе од 145.000 мигранти годинава преку море стигнале до Италија. Нивниот број бележи енормен пораст споредено со истиот период претходната година кога во земјата биле регистрирани 88 илјади бегалци.

Поради зголемениот наплив, италијанската премиерка Џорџа Мелони најави изградба на два центри за мигранти во Албанија кои ќе ги финансира нејзината земја, а ќе бидат со капацитет од 36 илјади легла. Партијата на Мелони долго време се залагаше за отворање вакви центри надвор од ЕУ, при што прво беше предложена северна Африка, но ниедна тамошна земја не го прифати нејзиниот предлог. Центрите ќе бидат во италијанска надлежност, а Албанија ќе соработува во надворешниот надзор на структурите.

– Ова е вистински европски договор. Албанија се потврдува како пријателска нација и иако сѐ уште не е дел од Унијата, се однесува како да е членка. Ова е една од причините зошто сум горда што Италија отсекогаш била една од земјите кои го поддржувале проширувањето на ЕУ со Западен Балкан… ЕУ не е клуб и затоа не зборувам за влегување, туку за повторно обединување со Западен Балкан, кои се земји на ЕУ во секој поглед порача Мелони.