Парламентот на Албанија денеска одобри договор за да задржи илјадници мигранти кои се спасени во меѓународни води од Италија додека се обработуваат нивните барања за азил, и покрај протестите на опозициските пратеници и групите за човекови права.
Парламентот, во кој доминира левичарската Социјалистичка партија на албанскиот премиер Еди Рама, гласаше со 77:0 за одобрување на договорот, без воздржани, бидејќи конзервативните опозициски пратеници се обидоа да го попречат гласањето со свирежи.
Претседателот, исто така, ќе издаде Декрет како последен чекор на одобрување.
Според петгодишниот договор, Албанија ќе држи до 3.000 мигранти во секое време во два центра додека се обработуваат нивните барања за азил, во период од околу еден месец.
Договорот загрижи многу активисти за човекови права, додека Европската унија го гледа договорот како можен иден образец.











