Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: Мислам дека се многу мали можностите за злоупотреба, за транспорт на медицински и биолошки материјал од една земја во друга има строги протоколи

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Верувам во нашите институции, верувам во МАНУ, не можам да кажам со сигурност, но имајќи во предвид за каква држава се работи, за каков универзитет во Америка, мислам дека многу мали се можностите да има некој тип на злоупотреба, истакна министерот за здравство, Азир Алиу во „Директно“ на ТВ Телма за проектот со обезбедување на примероци на човечки мозоци и нивни транспорт во САД во научно-истражувачки цели.

„Знаете, да направите транспорт на медицински материјал, на биолошки материјал од една во друга земја, има строги протоколи. Не само кај нас, туку и во сите други земји, особено во САД. Имајќи во предвид профилот на луѓе кои што биле вклучени, и локални и во САД, ценам дека ова е само еден научен проект кој што имал за цел да добива материјали и резултати, поврзани со науката“, изјави Алиу.

С.Д.

Многумина знаеле за научниот извоз на македонски мозоци во САД – но дали се било законски или е потребна истрага