Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу најави портал со листа на закажани операции – во 2025 година имало 58.648 упати, а 93.510 реализирани интервенции

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Портал со листа на закажани елективни хируршки интервенции со јасна категоризација и стандардизирани правила за внесување и за ажурирање на податоците во системот, најави министерот за здравство, Азир Алиу на прес-конференција претпладнево во Скопје.

„Со ова, првпат како држава, воспоставуваме ред и јасен протокол, на транспарентен начин да се води електронската евиденција за закажаните интервенции во здравствените институции. Целта е секој пациент да ја добие услугата „прв дојден, прв услужен“, како што е во моментот. Евиденцијата на хируршки интервенции се води во системот „Мој термин“ преку издавање упат со тип болнички упат за операција што се издава од специјалист хирург, со уникатен број на упат и со сите потребни податоци за типот на операција од листа на хируршки интервенции, како и податоци за пациентот“, истакна Алиу.

Но, додаде тој, утврдени се недостатоци во системот.

„Прво, упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција. Второ, дел од установите и лекарите користат друг тип на упат, конзервативен третман за евиденција на пациентите на листата, а лекарите ги водат листите во хартиена форма. И трето, листите на чекање не се редовно прочистувани и од ова создаваат неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби на пациентите. Резултатот од анализата за 2025 година покажуваат значителна разлика меѓу бројот на реализирани упати кој бил 58.648, податок земен од системот „Мој термин“, и реализирани операции – 93.510, исто така податок добиен од установите кои што ние како Министерство баравме, што укажува на непочитување на законската регулатива“, потенцира Алиу.

С.Д.