Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу се сретнал со раководството на приватните болници, не но разговарал за скандалот со извршените непотребни операции

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Се сретнал со раководството на приватните болници, не но разговарал за скандалот со извршените непотребни операции туку за позајмување кадар во јавното здравство.

Министерот Алиу потпишал соработка со три приватни установи, но вели дека не сакал да врши притисок врз работната група па ќе остави на интерната комисија да утврди евентуални неправилности.

  • „Како што ги плаќаме Словенците, ние би платиле и докторите тука. Од друга страна не заборавајте дека при профилизација на доктор првиот чекор е академската заедница. Знаете дека универзитетските клиники тука, освен што имаат експерти и маат и професори кои што биле ментори на тие доктори. Еве да оставиме времето за да видите колку има заинтересирани за да може да работат надвор од матичната институција или на клиники. А ќе ги плаќаат како што ги плаќале сите други човечки капацитетите“, рече Алиу.

Во меѓувреме интерната комисија составена од домашни експерти ги истражува досиејата за осум пациенти на кои посочија лекарите од државната клиника за кардиохирургија.

Странските експерти пак чекаат да се потпишат административните процедури за да почнат со анализа на податоците за операциите кои биле вршени, за кои има обвинувања дека биле непотребни.

  • „Првиот јавен состанок ќе биде на дистанца преку видео конференциска врска, а вториот ќе биде физички кога веќе ќе го имаме првиот извештај од оваа работна група за може заедно и со здравствениот совет и со таа работна група и со експертите од надвор да видиме што понатаму“, објасни министерот.

Министерството за здравство и ги одврза рацете на лекарската комора да направи вонреден надзор врз здравствените установи за да утврди евентуални неправилности во работењето. Се формираше и Здравствен совет, тело составено од девет члена за да ги анализира случувањата во здравството.

Симона Петровска

Срцева на чело на Здравствениот совет во кој членуваат Кедев, Положани, Камнар, Антовиќ, Кафтанџиев, Цана, Мехмедовиќ и Вела