Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: Сè уште немаме најдено материјали и протоколи во МЗ за научно-истражувачкиот проект на извоз на мозоци

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Веднаш по објавите за извозот на мозоци од Македонија, работна група во министерството здравство беше задолжена да најде евентуални материјали и протоколи за работа на тој научно-истражувачки проект, но сè уште немаме најдено некој материјал, рече министерот за здравство, Азир Алиу во „Директно“ на ТВ Телма за договорот меѓу научни институции од Македонија и САД за извоз на примероци на човечки мозоци.

„Законските одредби до 2018 година за сите материјали поврзани со тој тип на чување на документација биле 15 години, а по 2018 година со построги ЕУ закони и протоколи, тој тип на документација треба да се чува во институциите максимум 25 години. Но, материјалите ги има, јас разговарав и со МАНУ, бидејќи тогаш во тој период Етичката комисија од МАНУ дала согласност за да може тој проект да биде активен и функционален. Се надевам дека за два-три дена ќе ја имаме целата документација и се ќе биде појасно“, рече Алиу.

Тој посочи дека станува збор за научно-истражувачки проект кој почнал во 1996 година и траел до 2017 година, кога МАЛМЕД не постоел како посебна институција, туку била дел од министерството за здравство.

С.Д.

Многумина знаеле за научниот извоз на македонски мозоци во САД – но дали се било законски или е потребна истрага