Денеска продолжува амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието за Предлог-буџетот за 2025 година.
За буџетот се поднесени 308 амандмани, од кои 204 од опозициската СДСМ.
Власта го оцени буџетот како развоен, додека опозицијата го критикуваше како нереален.
Буџетот предвидува приходи од 358,8 милијарди денари и расходи од 400,2 милијарди денари, со дефицит од 4% од БДП и раст на економијата од 3,7%.
Расправата ќе трае до 30 ноември, по што буџетот ќе се разгледува на пленарна седница.











