Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амазон прави најголемо кратење во историјата на компанијата

/

пред 352 дена

Сподели преку :

Технолошкиот гигант Амазон започна со најголемото намалување на бројот на работни места досега, со план да отпушти околу 30.000 вработени во корпорациите, јавува „CNBC“.Одлуката доаѓа како дел од стратегијата за намалување на трошоците по периодот на преголемо вработување за време на пандемијата, кога побарувачката за онлајн услуги достигна рекордни нивоа. Иако отпуштањата претставуваат мал дел од вкупната бројка од 1,55 милиони вработени, тие опфаќаат речиси 10 проценти од корпоративниот кадар – околу 350.000 луѓе. Потегот ја надминува и претходната голема рунда од 27.000 отпуштања започната кон крајот на 2022 година. Според оинформациите на медиумот, кратењата ќе погодат повеќе сектори, меѓу кои човечки ресурси, уреди и операции… Менаџерите во седиштето во Сиетл веќе добиле инструкции како да комуницираат со засегнатите вработени, откако првите известувања за откази почнаа да пристигнуваат кај дел од вработените.