Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Американо“ стана „украино“ во менито – кафуле во Англија го преименува популарното кафе

/

пред 592 дена

Сподели преку :

Менаџерка на кафуле во Англија го преименува популарното кафе „американо“ во „украино“ во менито, во знак на протест против, како што вели, „злоставувањето“ на претседателот Зеленски за време на посетата на Вашингтон. Хелен Грегори, која го води „Сихорс кофи бокс“ (Seahorse Coffee Box) на шеталиштето во Ситон Карју, приморско гратче во источна Англија, објасни дека се решила на таков потег во знак на поддршка на украинскиот претседател.

Во видеоснимка што ја сподели на социјалните мрежи се гледа како преку „американо“, на ценовникот за пијалоци, става етикета на која пишува „украино“.

„Значи, повеќе нема „американо“, од денеска тоа ќе го нарекуваме „украино““, напиша Грегори.

Додаде дека никогаш порано не направила такво нешто и упати апел до останатите кафулиња да го следат нејзиниот пример.