Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американска сојузна држава поништува 175.000 пресуди за марихуана

/

пред 857 дена

Сподели преку :

Американската сојузна држава Мериленд ќе поништи 175.000 пресуди за употреба на марихуана издадени во изминатите децении.

Со потпишувањето на овој декрет за помилување денес, имам намера да исправам голем број историски неправди, рече Мур, демократ и прв афроамерикански гувернер на Мериленд, за американските медиуми.

Од криминалните досиеја на повеќе од 100.000 луѓе ќе исчезнат пресудите за поседување  марихуана, која сега е легална во земјата и широко се конзумира.

Мериленд, држава со шест милиони жители на источниот брег на Соединетите Држави, ја легализираше рекреативната употреба на марихуаната и нејзината продажба на мало на референдум во 2023 година.