Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американската Православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Светиот архиерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници.

Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон во неговиот извештај од 15 јули 2025 година, претставен пред 21-от Сеамерикански црковен собор, кој оваа недела се одржува во Феникс, Аризона, САД.

Оваа одлука следи по барање на српскиот патријархот г.г. Порфириј кој во официјална кореспонденција со митрополитот Тихон, побара Православната црква во Америка, согласно Томосот даден од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

Канцелариите на митрополитот Тихон и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се во комуникација и планираат сослужување помеѓу двајцата претстоители, кое ќе се одржи во катедралата „Свети Никола“ во Вашингтон. Ова сослужување, како што информираше митрополитот Тихон на Сеамериканскиот Собор, ќе биде крунисано со свечено признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, која го зазема своето место покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква – се вели во известувањето на официјалната веб странница на Православната црква во Америка.