Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американски Ф-16 слетал во Украина – пилоти од САД почнаа со обука на нивни украински колеги

/

пред 1169 дена

Сподели преку :

Александар Олешчук, командант на воздухопловните сили на Украина, изјави дека воените пилоти на земјата почнаа со заедничка обука со нивни американски колеги на борбени авиони Ф-16.

„Авион Ф-16 беше во Украина. Слета на нашите писти. Направивме заедничка обука со пилоти на Ф-16“, изјави Олешчук, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Вкупниот период за обука е 32 месеца, но „одлучено е оваа класа на украински пилоти да може да управува со Ф-16 за четири месеци“.

И украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников потврди дека е започна обука на пилоти за управување на Ф-16. Тој не сакаше да открие колку ќе трае обуката, меѓутоа истакна дека „минималниот период е шест месеци“.