Во потег, кој за Русите би било тешко да го игнорираат, посадата на американскиоt борбен авион извел „смел маневар“ во близина на руската база во Сирија, пишува Политико.
Американскиот КЦ-135 Стратотанкер, со своето движење над водите на Медитеранот во близина на Тартус, руската воена база во Сирија, нацртал „воздушен пенис“. Овој „маневар“ на американската посада извршен во вторникот, секако, не може да се забележи со голо око, туку први го приметија новинарите на „Ла република“, разгледувајќи ги мапите на Флајтрадар24.
Според „Политико“ нејасно е дали посадата на Стратотанкерот кој полетал од Крит имала задача за дополнување гориво на ловците, или едноставно сакале да се пошегуваат со руските радисти на смена во Тарсус.
Медитеранот беше сцена на неколку „блиски средби“ помеѓу американските и руските борбени авиони во фебруари, непосредно пред почетокот на руската инвазија на Украина.











