Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американски воен пилот се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.

Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.

Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.

„Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид, рекол мажот, облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет“, јави „Њујорк Тајмс“.