Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можна терористичка закана

/

пред 839 дена

Сподели преку :

Американските воени бази ширум Европа, вклучително и најголемата во Германија, во текот на викендот биле ставени во состојба на висока готовност поради можен терористички напад.

Американската телевизија CNN објави дека Пентагон го објавил второто највисоко ниво на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници.

Природата на наводната закана остана нејасна.

Европската команда на Соединете држави во Штутгарт одбила да ги коментира конкретните безбедносни мерки преземени од вооружените сили.

Сепак, портпаролот рекол дека EUCOM редовно проверува „различни фактори кои влијаат на безбедноста на американската воена заедница во странство“.