Силните економски шокови со кои се соочува светот и нашата економија, уште повеќе на површина ги исфрлија структурните слабости, но и критичната потреба за владеењето на правото и човечкиот потенцијал, потенцираше гувернерката на Народната банка.
Во кризни периоди макроекономските политики се првата „линија на одбрана”, но нивниот простор за маневар не е неограничен, вели Ангеловска- Бежоска, која потенцираше дека инфлацијата ќе продолжи да расте како рсте цената на ресурсите.











